Повторно се чисти депонијата кај „Туш“: Изнесени 30 тони отпад (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Над 30 тони отпад изнесе Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од дивата депонија кај некогашен „Туш“ на влезот од населбата Ѓорче Петров.

Loading...

Акцијата започна во петок и продолжува и понатаму, информираше денеска директорот на комуналното претпријатие, Ненад Стојановски.

– Ние како Чистота и зеленило сме должни тоа да го направиме во тек е чистење на долниот појас до отпадот подолу, и денеска планираме 5 до 6 камиони, најамлку 30 тони смет да изнесеме. Додека се подтоввуваме да дадеме изјава поминуваа огромен број на мотокултиватори, за три минути поминаа шест со отпад, не знам кај го носат. За оваа работа треба инспекциските служби да излезат и да си ја завршат својата работа. Апелирам и до нив и до МВР да преземат активности да ги исклучи од сообраќај, кои се најсериозни причинители, рече Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

 

 

Досегашната пракса, вели тој, покажала дека нема казнување и затоа граѓаните се недисциплинирани.

Предлага да се воведе институција комунална полиција која ќе се занимава со таа проблематика.

Loading...

– Предлагам воведување финансиска полиција и очекувам од оваа влада дека во таа втора фаза од децентрализација, и тоа навистина да профункционира, бидејќи „Чистота и зеленило“ не може тековните работи да ги постигне, но ваквиот отпад нам ни причинува дополнителни залагања и ангажмани и ние не можеме тој смет во толкав обем да постигнеме да го изнесеме, но правиме напори целиот град да го покриеме со нашето делување, изјави Стојановски.

 

 

Диви депонии, додава тој, никнуваат во секој момент, па ги повикува инспекциските служби и МВР да преземат санкции во тој дел, оти како што додава, знаат и самите за кои депонии се работи.

Кабастиот отпад е дополнителен проблем за комуналното претпријатие, оти граѓаните не само што го фрлаат на диви депонии, туку го оставаат насекаде низ градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец чувал елени во својата штала. Доби кривична пријава

– Кабастиот отпад е изнесен во сабота и продолжува делот кој е недоизнесен и не се фрла само на овие локации, се става пред контејнери и на сите локации на кои не треба да се става, за истиот ЈП „Чистота и зеленило“ организира акции во текот на годината граѓаните да го изнесат тој отпад на тие локации и ние каок јавно претпријатие потоа бесплатно го преземаме како би можеле да не се доведуваме во ситуацијата во која сме доведени, но постои многу мала заинтересираност на граѓаните, појаснува директорот.

 

Loading...

 

Изнесувањето на кабаст отпад им се наплаќа на граѓаните ако ги повикаат комуналците да го изнесат, но „Чистота и зеленило“ организира и бесплатни акции со посебно посочени локации на кои граѓаните тој отпад можат да го остават да биде соберен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

Сепак, според директорот Стојановски, таквите акции наидуваат на мал интерес, што покажува колку сме недисциплинирани.

– Во следните денови повторно ќе организираме таква акција на одредена локација кај што граѓаните ќе треба да го изнесат тој тип на отпад. Ние би го презеле бесплатно за да ги заштитиме и нив од дополнителни трошоци, бидејќи таква услуга чини. Ако некој сака да изнесе кабаст отпад може да се обрати кај нас, ние да му наплатиме за таа услуга, ја презимаме комплетно ја носиме на депонија во место определено за кабаст отпад, појаснува Стојановски.

Инаку депонијата на влезот од населбата „Ѓорче Петров“ се чисти на неколку месеци, но одновно и одново се транспортираат огромни количини смет, кој често во летните месеци се пали и шири неподнослива миризба низ делови од градот.

Никола Ивановски