Повторно се чисти депонијата кај „Туш“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Со механизација утринава е започнато расчистување на дивата депонија кај локалитетот „Туш“ на влезот на населбата Перо Чичо во Куманово.

Акцијата ја спроведува локалната самоуправа преку Јавното претпријатие „Чистоа и зеленило“.

 

 

Како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, оваа локација се чисти постојано повеќе пати во годината долг временски период.

– Изградено е детстко катче на локацијата за да ги одвратиме несовесните граѓани од несоодветно депонирање на смет, засилени се контролите, но сликата по кус временски период на чист простор е повторно иста, вели тој.

Димитриевски порача дека нема да се откаже, и ќе продолжат сузбивањата на ваквите девијантни појави во општеството.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Весна Петрушевска – лауреат на Денови на комедија 2025 (ВИДЕО)

 

 

– Ние нема да се откажеме, ќе продолжиме заеднички да делуваме за сузбивање на оваа девијантна појава во општеството, ќе продолжиме со акции за расчистуваме на дивите депонии, како и со акции за подигнување на јавната свест за зачувување на чиста и здрава животна средина, напиша Димитриевски.

Никола Ивановски