Повторно пукање во САД: Четворица загинати, напаѓачот најверојатно извршил самоубиство

Сподели со своите пријатели

Четири лица се убиени во пукање во болница во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата.

Loading...

Полицијата потврди дека и осомничениот напаѓач, кој бил вооружен со пушка и пиштол, бил мртов.

Полицијата во средата попладне во болницата Свети Францис пристигнала на местото на настанот за три минути, што, како што велат, придонело бројот на загинати да не биде поголем.

Во нападот, за кој засега не се познати мотивите, имало неколку ранети.

Заменик-началникот на полицијата Ерик Далглиш изјави дека напаѓачот, кој сè уште не е идентификуван, се здобил со смртоносни прострелни рани за кои се верува дека самиот си ги нанел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поради нови поплави, училиштата затворени, а откажани возовите во Малага и Тарагона (ВИДЕО)

Тој рече дека полицијата добила повик за пукање во 16:52 часот по локално време (21:52 часот по средноевропско време) и дека на местото на настанот пристигнала за три минути.

„Полицајците кои пристигнаа слушнаа пукотници во зградата и веднаш се упатија кон вториот кат од болницата каде што се случи нападот“, рече тој.

Капетанот Ричард Меуленберг изјави дека кога полицијата пристигнала во болницата пронашла неколку застрелани луѓе, од кои некои веќе биле мртви.

Loading...

Тоа беше „ужасна сцена“, рече тој.

Американскиот претседател Џозеф Бајден бил информиран за пукањето во Тулса, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Ново пукање во САД се случи само неколку дена откако вооружен напаѓач уби 19 деца и двајца учители во училиште во Тексас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија: Разбиена мафијашка група поради затајување данок, запленет имот вреден 520 милиони евра

Во средината на мај, 18-годишен белец беше осомничен дека убил 10 луѓе во супермаркет во Бафало, Њујорк.