Повторно пожар во поранешниот Хотел „Куба“

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 17:10 часот припадниците на територијалната против пожарна единица Куманово бележат интервенција во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Куба“ лоциран во селото Проевце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во напуштениот и руиниран објект биле запалени неколку душеци, па четворица пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале до 17:55 часот при што го локализирале огнот.

Засега не е позната причината за избувнување, но со оглед дека објектот постојано го користат бездомници и наркомани, најверојатно се работи за човечки фактор.

 

Loading...