Аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, почна со работа утрово, откако вчера беше затворен поради ерупцијата на вулканот Етна.
Компанијата која управува со аеродромот објави дека аеродромот е повторно отворен во 6 часот утринава и им препорача на патниците да ги проверат своите летови со авиокомпаниите, пренесува Анса.
На аеродромот во Катанија вчера беа откажани или пренасочени сите летови.