Повторно откажан карневалот во Рио поради пандемијата

Сподели со своите пријатели

Карневалот во Рио де Жанеиро е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирус.

Loading...

Градоначалникот Едуардо Паес ја објави одлуката на социјалните мрежи на 4 јануари по состанокот со претставниците на карневалските групи.

Повеќе од три милиони луѓе беа на улиците четири дена на последниот карневалски фестивал одржан во 2020 година.

Во меѓувреме, плановите за парадите во Самбадром во февруари и март засега треба да се спроведат.

Паес рече дека е полесно да се спроведат мерките за Ковид на тие настани.

Повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил досега се заразени со коронавирус, според официјалните податоци.

Околу 618.000 луѓе починале од последиците на коронавирусот во Бразил. Само САД забележаа поголем број на смртни случаи.

Како што напредуваше бразилската кампања за вакцинација, бројот на нови смртни случаи нагло опадна.

Loading...

Речиси 70 отсто од бразилската популација сега е целосно вакцинирана. Откако беа откриени првите инфекции со новиот вид омикрон во земјата на почетокот на декември, бројот на позитивни тестови повторно се зголеми.