Повторно осквернавен Спомен Костурница (галерија)

Сподели со своите пријатели

Еден од репрезентативните споменици на град Куманово, Спомен Костурница повторно е осквернавен.

 

timthumb-php

 

Фотографиите со своја реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги објави претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски со порака дека оние кои тоа го прават се нелуѓе.

Луѓе – НЕлуѓе, да такви се сторителите на повторното сквернавење и вандализам на Спомен костурница Куманово.
Во континуитет се повторуваат вандализмите, државата гради нови споменици а старите ги препушта на времето и неодговорните граѓани.
Секоја година со заеднички акции се чисти, поединците повторно уништуваат и сквернават.
Што човек ли ќе беше тој кој што плука по сопствената историја, тој кој што не го почитува минатото нема ни сегашност ниту може да создаде иднина.
Власта многу одамна се откажа од оваа “ничија земја”, нека покаже сенс и нека ни ја додели нам на граѓаните и општината, ние сами ќе ја реконструираме и одржуваме.
– Дали и овој пат надлежните ќе го премолчаат оваа недело???
– стои во реакцијата на Димитриевски.

14725603_876064699190638_2633116036959537963_n

 

Првиот човек на Советот на Општина Куманово остри критики за неодржувањето на спомен обележјето упати и на Денот на независноста на сметка на локалната и централната власт.

 

14581546_876064805857294_9219502209292697298_n

 

СДСМ и Граѓанското здружение Кумановски акцијаши имаа акција за уредување на Спомен Костурница, но очигледно некој повторно добил креативни идеи.

14639896_876064772523964_7131608159686802624_n 14591817_876064869190621_3360144562187006664_n 14523048_876064915857283_7923535267554361045_n 14572319_876064945857280_3243150732017799457_n