Во текот на ноќта времето беше умерено облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Утринава ветерот засилува во штипско.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и максимална дневна температура од 11 степени целзиусови.
Веќе утре ќе има поголем пад на температурата во Куманово при што се очекуваат врнежи од снег и дневен максимум од само два степени.
Никола Ивановски