Вработените во армијата на Република Македонија во јануарската плата ќе добијат 10 % покачување , најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на посетата на здружената оперативна команда во Куманово. Шекеринска најави и нови 375 работни места на професионални војници, подофицери и офицери со кои ќе се зголеми бројот на вработените кој во последните години е намален.
„На јануарските плати вработените во АРМ ќе го добијат најавеното покачување кое долги години се нема случено , со оваа покачување ќе покажеме дека владата води сметка за животниот стандард на вработените за подобар живот , а со тоа ќе ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата армија„- рече Шекеринска.


