Лундмарк тврди дека луѓето ќе ги остават своите телефони до 2030 година, пред се поради 6G мрежата чија комерцијализација е планирана за 2030 година. Токму поради напредокот на комуникациите, извршниот директор на Нокиа смета дека денешните телефони ќе бидат заменети со уреди за носење и чипови во нашите тела, пишува порталот Gizchina, а пренесува Benchmark.
Во сегашната ера на 5G паметните телефони сè уште се најважните уреди за комуникација. Сепак, Лундмарк смета дека ситуацијата значително ќе се промени по комерцијализацијата на 6G мрежите.
Тогаш паметните телефони ќе станат уреди кои не се толку вообичаени, бидејќи сè што ви треба ќе добиете од уред кој е на вашата рака, преку очила или чип во вашето тело.
Извршниот директор на Нокиа не прецизираше кои уреди ќе ги заменат телефоните за десет години, но треба да се има предвид дека барањата за 6G значително ќе ги променат поврзаните уреди, бидејќи ќе биде потребен моќен хардвер за се да функционира правилно.
Според прогнозите, новата мрежа треба да биде 100 до 1000 пати побрза од мрежите 5G, што значи дека потребниот хардвер ќе мора да биде значително посилен за да може да се справи со толку голем проток на информации.
Дека можеби има некаква основа зад овие зборови сведочи и фактот што Јужна Кореја неодамна објави дека ќе започне со тестирање на 6G мрежата во 2026 година.
Откако Јужна Кореја го презеде водството во комерцијализацијата на 5G во 2019 година, поминаа 3 години откако 5G беше изграден ширум светот.
Покриеноста со 5G не е лоша во многу градови, но сè уште не е популарна во многу делови од светот. Сепак, тоа нема да ја спречи Јужна Кореја повторно да го преземе водството со 6G. Згора на тоа, тамошната влада исто така планира да го комерцијализира од 2028 до 2030 година, така што предвидувањата на Лундмарк можеби не се само имагинација.