Огромното мнозинство Грци сакаат туристите кои пристигнуваат во земјата да бидат тестирани за ковид 19.
Во истражувањето спроведено од АЛКО, 89% од испитаниците рекле дека треба да се тестираат туристите.
Само 8 проценти изјавиле дека се против тестирање, а 3 проценти одговориле „не знам / не одговарам“.
Исто така, повеќето Грци рекле дека веруваат дека „многу влади ги укинуваат рестриктивните мерки порано отколку што треба да ја стават економијата пред здравјето“.
Се враќа животот во Грција: Еден од најубавите острови преполн со туристи (ВИДЕО)
До 75 проценти од испитаниците рекле дека се согласиле со горенаведеното прашање, 15 проценти одговориле „не“, а 10 проценти одговориле „Не знам / не одговарам“.
Сепак, според оваа анкета, пандемијата не е најважниот проблем за Грците.
Дури 49 проценти од испитаниците рекле дека најголем проблем е невработеноста, додека 15 проценти навеле дека тоа е коронавирусот.