Повеќето Австријци сметаат дека војната ќе трае и следната година

Сподели со своите пријатели

Австријците не веруваат во победата на Украина во војната против Русија и сметаат на фактот дека борбите ќе продолжат и следната година, покажува истражувањето на институтот „ОГМ“.

Loading...

Само 19 отсто од Австријците се на мислење дека војната во Украина ќе заврши оваа година, додека дури 68 отсто претпоставуваат дека војната ќе трае подолго.

На прашањето дали Украина има воена шанса против Русија, 61 отсто од Австријците одговориле „не“, а 17 отсто „да“.

Што се однесува до проширувањето на конфликтот надвор од границите на Украина, само 22 отсто од Австријците стравуваат дека Русија, по Украина, би можела да ги нападне балтичките земји, Естонија, Латвија и Литванија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет

Повеќе од една третина од испитаниците, 39 отсто, веруваат дека освојувањето на источните провинции и обезбедувањето копнена врска со анектираниот Крим е воената цел на Русија, а 27 отсто веруваат дека Русија сака да ја освои цела Украина.