Повеќе улици во градот утре без струја

Сподели со своите пријатели

Голем број улици во текот на утрешниот ден ќе останат без електрично напојување, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 09:00 до 11:00 планирани се прекини на улиците: „Бјарам Шабани“, „Максим Горки“, „Слависа Вјанер“ и „Франц Розман“, а во период од 11:00 до 13:00 електрична енергија ќе немаат жителите наулиците: „Симо Погачаревиќ“, „Бајрам Шабани“, „Димче Каранфиловски“ и „Димо Хаџи Димов“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во елеткро дистрибутивната мрежа, поради подобрување на услугата кон корисниците.