Повеќе сонце и повисоки температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 8, а максималните ќе бидат во интервал до 18 до 24 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и температура од 20 степени целзиусови, која утре ќе биде за два степени повисока, а веќе во петок и сабота нови интензивни врнежи од дожд.

И во четврток времето ќе биде сончево и потопло, со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во петок попладне и во сабота под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи. Ноќта меѓу петок и сабота се очекува врнежите да бидат пообилни, особено во западните и јужните делови.