Повеќе реони од градот денеска без електрично напојување

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрично напојување во Куманово ќе останат повеќе реони, и тоа: насебата Тоде Мендол, дел од населбата Железничка станица, како и улиците„Карл Маркс“, „Ж.Ј. Шпанац“, „Благој Илиев Гуне“, „Тоде Думба“, „Теофан Економов“, „Никшичка“  и „Титова Митровичка“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на услугата кон корисниците.

Снабдувањето со електрична енергија во останатиот дел од градот се одвива непречено.