Повеќе од два милиони Украинци избегаа во Полска

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 2,1 милиони луѓе избегале од Украина во Полска од почетокот на војната, објави полската гранична служба.

Loading...

Точно 2.114.000 Украинци побегнале во Полска, покажуваат најновите податоци за бегалците кои бегаат од Украина, јави Би-Би-Си, додавајќи дека околу 10 милиони луѓе се раселени од Украина, внатре или надвор од земјата.

 

Британците објавија нови податоци: Тешките борби продолжуваат северно од Киев

 

Сепак, бројот на граничните преминувања во моментов се намалува.

Имено, само вчера границата ја минале 33.800 луѓе, напиша полската гранична служба на Твитер, што е за 16 отсто помалку од саботата.

Некои бегалци веќе ја напуштија Полска во други земји, а студијата на Универзитетот во Варшава покажува дека околу 1,2 милиони луѓе остануваат во земјата.

Loading...

 

За денеска се договорени осум коридори, но не и од опколениот Мариупол

 

Повеќе од четвртина милион луѓе (264.000) се вратиле во Украина преку Полска од почетокот на војната.