Повеќе од 20 лица загинаа во тежок судар во Украина, загинаа патници и возачи на автобус

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шест лица загинаа, а 12 се повредени во судир на три возила во областа Ривне во Украина. Во несреќата учествувале автобус, минибус и резервоар за гориво.

Loading...

Во несреќата во областа Ривне загинаа двајца возачи на минибус и автобус, како и 24 патници, а повредени се 11 патници и возачот на цистерната со гориво, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Укринформ.

 

Нова колона автобуси тргна од Мариупол

 

Како што се наведува, загинатите патници биле на возраст од 17 до 69 години – од регионите Житомир, Киев, Чернихив, Харков и Хмелницки.

Полицијата е на лице место каде е во тек увид и идентификација на жртвите.

 

Loading...

Русија им забрани влез на јапонскиот премиер и министрите

 

Според достапните информации, несреќата ја предизвикал возачот на минибусот, кој престигнал друго возило и излетал на спротивната лента, при што се судрил со камион со гориво.