Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во Кина

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани поради поплавите во кинеската провинција Хунан, соопшти регионалното биро за управување со вонредни состојби.

Loading...

Урнати се околу 70 куќи, оштетени се 2.283, а поплавени се ниви обработливи површини.

Се проценува дека од поплавите е причинета штета од околу 79 милиони долари.

Властите на округот Женба во провинцијата Шанкси објавија дека округот се соочува со најголемите поплави во последните 50 години, пренесува Срна.

Во меѓувреме, Националниот климатски центар соопшти дека температурата веќе девет дена надминала 35 степени целзиусови, а таков период на висока температура последен пат е забележан во 1961 година.