Денес во период од 11 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат дел од„Христијан Тодоровски Карпош“, „Кожара“ и „Ристовац“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 8 до 11 часот пак без електрична енергија ќе бидат дел од улиците: „Дојранска“, „1ви Мај“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Сава Коваќевич Ристовац“, „Вера Јоциќ“ и „Београдска“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивниот систем со цел подобрување на услугата кон корисниците.