Повеќе локации низ Куманово денеска и утре без струја
On:
Сподели со своите пријатели
Без електрична енергија денеска и во текот на утрешниот ден ќе останат повеќе локации низ Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Денеска во период од 08;00 до 15:00 часот без електрично напојување ќе останат жителите на улиците „Сава Ковачевиќ“, „Страшо Симонов“ и „ЈНА“.
Во период од 08:00 до 11:00 часот утре струја ќе немаат жителите од улицата „Васко Карангеловски“, додека пак од 08:00 до 15:00 часот прекини ќе има на улиците „Бошко Буха“ и „Милан Зечар“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во дистрибутивната мрежа.