Повеќе локации без електрична енергија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации низ кумановско во текот на денешниот ден ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Така во период од 08:30 до 15:30 часот прекини ќе има на улиците: „Боро Прцан“, „Милан Лисица“ и „11-ти Ноенври“ додека во период од 08:30 до 16:00 без електрична енергија ќе остане населбата Долно Којнаре.

Станува збор за најавени прекини на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.