Повеќе локации во Куманово во текот на денот и утре ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:00 до 11:00 часот без напојување ќе бидат улиците „Страшо Пинџур“ и „Видое Смилевски Бато“.
Во период од 12:00 до 14:00 часот прекини ќе има на улиците „АВНОЈ“, „В. Смилевски Бато“ и „Васко Карангеловски“. Од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе биде село Тромеѓа.
Прекини на повеќе локации ќе има и утре. Во период од 09:00 до 11:00 часот без напојување ќе останат улиците „Стојан Арсов“, „Тоде Думба“, „Васил Драгомански“ и „Биљановска“. Од 07:45 до 14:00 часот без струја ќе биде Ново Куманово.
Во период од 12:00 до 14:00 прекини утр еќе има на дел од Карап маала, како и улиците „Среќко Пужаљка“, „Светозар Марковиќ“, „Перо Чичо“, како и улицата „Доне Божинов“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски