Потврдена е рекордна температура на Антарктикот: Измерени дури 18,3 степени целзиусови

Сподели со своите пријатели

Светската метеоролошка организација (СМО) потврди нова рекордна температура измерена на Антарктикот од 18,3 степени Целзиусови.

Loading...

Како што е наведено на веб-страницата на СМО, таа температура е измерена на 6 февруари 2020 година.

 

 

Пред конечната потврда за секој нов рекорд на температура, СМО секогаш ја проверува точноста на мерните уреди.

Претходниот рекорд беше 17,5 степени и беше измерен во 2015 година.

Директорот на СМО, Петери Талас, рече дека Антарктичкиот полуостров е еден од регионите со најголемо затоплување на планетата – скоро три степени Целзиусови во последните 50 години.

Loading...

 

Leave a Reply