Потрошувачката на муниција во Црвеното Море води до сомневање дека германските сили ќе издржат долго

Сподели со своите пријатели

Фрегатата „Хесен“, која Германија ја испрати во Црвеното Море како дел од „опасната“ мисија на ЕУ за заштита на бродовите од нападите на јеменските Хути, се обиде да собори неидентификуван дрон, за кој подоцна се покажа дека е американски.

Loading...

Беа испукани два проектила (подоцна се појавија непотврдени информации дека се од американско производство) и двата ја промашија целта.

Министерството за одбрана го чуваше овој инцидент во тајност неколку дена, додека не излезе во јавноста, но објавија дека истиот брод во рок од 15 минути соборил два дрона на Хуту.

„Добрите извештаи се објавуваат веднаш, лошите вести се бришат под тепих. Ова е показател за егото на Писториус“, изјави за „Блид“ Флоријан Хан, портпарол на Синдикатот за одбрана.

Експертот за одбрана на ЦДУ, Инго Гедехенс оцени дека ваквата политика на Борис Писториус покажува непочитување кон парламентот, чии членови одлучуваат за акциите на армијата и мора да ги имаат сите информации.

„Секој непотребен истрел е проблематичен и има директно влијание врз тековната оперативна способност на нашата фрегата. Толку е лудо што Министерството за одбрана реши да не ги информира пратениците. Неприфатливо е да се дознаат такви информации од весници“, рече тој.

Ракетите-пресретнувачи што ги користи Хесен повеќе не се произведуваат, поради што адмиралот Аксел Шулц, командант на најголемата поморска борбена група на Бундесверот, предупреди дека германската војска на крајот ќе остане без квалитетна муниција.

Слична загриженост има и поморскиот инспектор Јан Кристијан Как, кој коментирајќи ја моменталната потрошувачка на муниција од земјите партнери во Црвеното Море, изрази сомнеж дека германските сили ќе траат долго, пренесува РТ Балкан.

Loading...