Потрошиле пет години и тони метал, но настанало оваа магично место (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Само 13 мештани го граделе тунелот Гуолианг кој минува низ латералната страна на планината Таиханг во Кина и за тоа потрошиле 4.000 чекани, за да полесно стигнат дома.
Тунелот со должина од 1.200 метри, широчина од четири и височина од пет метри е единствен начин мештаните на кинеското село Гуолианг во Хуиџиану во провинцијата Хенан пристигнуваат до своите домови.
Изграден е во рамките на планината Таиханг, а ја граделе 13 селани предводени со Шен Мингксин со помош на примитивни алатки како чекан и длето во седумдесетите години на минатиот век. Го граделе околу пет години.
За да соберат пари за материјали морале да го продаваат својот добиот и да вложуваат во словодно време. Потрошени се повеќе од четири илјади чекани, како и околу 12 тони челик.
Тунелот е отворен за сообраќај на 1 мај 1977 година, а поради необичниот изглед на страничната страна од планината набргу станал туристичка атракција за Кинезите, но и интернационалните гости.
Селаните му дале и неколку „прозорци“ за да патниците биле опркужени со призори од преубава природа.
Пред градење на тунелот, пристапот на селото во долината на Таиханг, кој го добил името по името на бунтовникот од времето Хан династијата било и многу тешко. Селаните нерадо заминувале од своите домови затоа што морале да се качуваат по ниските и стрмни планински патишта.