Потрошила околку 1.000 долари на филери за усни, а потоа ѝ се променило целото лице: „Изгледам како лик од цртан филм“

Сподели со своите пријатели

Шарман Мејџор, инфлуенсерка на социјалните мрежи, остана со болен оток на брадата откако и беше вбризгана мала количина филер во таа област, како и во нејзините усни. Како што пишува Мирор, ден по третманот, кој чинел околу 1.000 долари , 28-годишната девојка се разбудила во шок бидејќи не ја добила дефинираната брада и полни усни на кои се надевала. Наместо тоа, изгледаше како „Бала“ од цртаниот филм Family Guy, иконски лик со огромна квадратна брада.

Шарман, која објавува на ТикТок како @charsbusbanter, напишала: „Ги зголемив усните и ја поправив вилицата, а сега изгледам како Quagmire. Едвај чекам да ми помине отокот. Се надевам дека ќе бидам згодна“.

Наскоро нејзиното видео имаше преку пет милиони прегледи, а низа коментари ја споредија со познат лик. „Можете ли да кажете giggity, giggity?“ праша еден корисник, додека еден корисник додаде: „Ве молам направете видео како зборувате giggity!“ Имено, ‘giggity, giggity’ е фраза која често ја изговара ликот Quagmire и по која е многу познат на социјалните мрежи.

 

@charsbusbanter

can’t wait for the swelling to go xxx hopefully be a baddie lol

♬ original sound – enjoy 🙂