Потрошила многу пари за тетоважи, а сите ја осудуваат: „Јас не сум член на банда, туку уметничко дело што чекори“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тетовирањето понекогаш може да предизвика различни реакции од околината, па осудена е една жена која потрошила многу пари на тетоважи.

Loading...

Ева Перц (27) од Костарика, вели дека секојдневно се соочува со осуда и етикетирање како „наркоманка“ или „член на банда“ поради нејзиниот уникатен изглед.

Вработена е како програмерка за маркетинг стратегија, и поради големата љубов кон тетовирањето, започнала да ја учи оваа вештина.

 

 

– Некои луѓе имаат тенденција да судат врз основа на изгледот, мислат дека сум груба или студена и дека слушам само блек метал музика – го сподели своето искуство Ева и додаде дека многумина ја прашуваат дали е наркоманка или член на бенд.

Таа додава дека сака тетоважи и дека од сето тоа, вистината е дека напорно работела последните 11 години за да може да си го дозволи изгледот што го има денес.

Loading...

– Жртвував многу заеднички работи и се фокусирав на развивање на мојот живот во потполност и да бидам онаму каде што сум денес. Така луѓето можат да размислуваат и да кажуваат што сакаат. Целосно сум горда на себе и на она што станав – вели Ева.

 

 

Таа ја направила својата прва тетоважа веднаш штом имала законска можност да го стори тоа – само неколку дена по нејзиниот 18 -ти роденден.

Таа вели дека отсекогаш сакала тетоважи, но се опседнала со нив откако ја запознала сегашната професорка по тетоважи.

– Го започнавме овој неверојатен проект на моето тело, а сега станувам уметничко дело што оди – размислува Ева и додава:

– Мојот план е да го покријам целото тело со тетоважи освен лицето.

Loading...