Џема Маркленд (30) потрошила 50.000 фунти за трансформација на нејзиниот дом.
Нејзиниот сопруг не бил воодушевен од розовиот рај, но во меѓувреме се навикнал.
View this post on Instagram
Џема Маркленд поминала неколку месеци во продавниците барајќи ги сите нијанси на розов мебел и работи за домот, иако во тоа време немала куќа. Потоа, во септември 2019 година, таа го остварила својот најголем сон, купила куќа во вредност од 330 000 фунти во Виган, населба во Манчестер.
View this post on Instagram
Џема буквално започнала да ги бои ѕидовите во розова боја за 2 часа откако ги добила клучевите од новата куќа. Оваа бизнисменка го дели розовиот дом со нејзиниот сопруг Кајл (28), кој работи во продажба, и нејзината ќерка Грејс (10), која ја има од претходната врска.
Секој ден објавува објави на Инстаграм за нејзината куќа и има скоро 100.000 обожаватели.
View this post on Instagram
– Потрошив скоро 50.000 фунти на додатоци и ситници за куќата, како и мебел за да ја направам мојата куќа 100 проценти розова. Се обидов да заштедам каде што можам, па има многу моменти „направи сам“. Секој слободен момент, викендот го користам за украсување на куќата – вели Џема.
View this post on Instagram
Знаејќи како нејзиниот сопруг може да реагира, Џема прво му рекла дека ќе ги обои само нејзината канцеларија и собата на ќерката во розова боја.
– Потоа малку по малку го зазедов целиот простор, и кога почнав да купувам розов мебел, тој знаеше дека ќе живее во куќата на Барби засекогаш, но на крајот се навикна и се вљуби во просторот – рече таа.
View this post on Instagram