Некои се мажат за други луѓе, но Американката Дени Адамс отсекогаш сакала да направи нешто поинакво. Да се омажи сама за себе е идеја што ја имала уште од мала.
На свеченоста, за која одвоила околу 3.500 евра, таа си дала ветување, односно најави дека ќе се сака себеси и ќе ги почитува сопствените желби.
View this post on Instagram
– Пред да се омажам, поминав неколку години на терапија обидувајќи се да се пронајдам себеси – изјави таа за подкастот „Love Don’t Judge“.
– За време на моето патување престанав да пијам и да имам односи со мажи – изјавила таа.
View this post on Instagram
Таа истакнува дека поминала многу квалитетно време со себе и почнала да излегува соло.
Меѓутоа, кога ја објавила својата приказна, била изненадена од количината на омраза што ја добивала од оние околу неа.
Некои ја нарекоа нарцис, а имаше и коментари дека не може да најде партнер поради нејзината дебелина.
View this post on Instagram
– Почувствував страв, луѓето се толку сурови. Се плашев за себе и за моето семејство. Има страници кои само се потсмеваат на луѓето, ги има се повеќе – истакна таа.
Еден типичен коментар гласи: „Ова е најглупавото, најнарцисоидно нешто што некогаш сум го видел, да си се посветиш? Па, не можеш да се посветиш ни на диета“.
View this post on Instagram
Сепак, Дани вели дека убедливо најгаден коментар бил оној во кој пишувало дека мора да се омажи за себе бидејќи никој не ја сака.
– Со тоа испраќаат лоши пораки до луѓето со поголеми тела, дека не се сакани и дека се недостојни за љубов – се пожалила таа.
View this post on Instagram
Тоа не е точно, таа вели дека може да се омажи за мажот што го сака кога и да посака.
– Луѓето дури и праќаат писма, во едно пишуваше дека ќе одам во пеколот ако не се покајам што се омажив – се сеќава таа.
Што се однесува до Дани, таа се борела да разбере што е проблемот и зошто не може само да се сака и слави себеси.
View this post on Instagram
Сепак, и покрај негативната реакција која ја доби, таа не жали за нејзиниот забавен и храбар гест.
Сега таа живее среќно сама – и сè уште повремено оди на состаноци со мажи.
Еден се пошегува во коментарите – ако се омажиш за мене, дали сме тројца во брак, ако си во брак со себе? – пишува The Sun.