Потпреседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски на средби со граѓаните во Гостивар, Врапчиште и Брвеница

Сподели со своите пријатели

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски во рамките на кампањата „Заедно знаеме повеќе“ се сретна со членовите и симпатизерите на ЗНАМ од општинската организација во Брвеница, Врапчиште и Гостивар.

Loading...

На средбата присуствуваа и членот на Извршниот одбор на ЗНАМ, Виктор Јовановски, како и Никола Мемов, директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ и директорна Фондот на ПИОМ.

 

 

Тема на дискусија беа проблемите со кои се среќаваат граѓаните во овие општини, како и можните решенија на истите, а особено во сферата на инфраструктурата.

Исто така, стана збор и за проблемот со младите, односно нивното заминување од земјата, како и начините за нивно задржување и поголемо ангажирање во општествениот живот.

 

Loading...

 

Во општините Врапчиште и Брвеница, се разговараше за состојбата со земјоделието и како таа да се подобри.
Потпреседателот Арсоски ги акцентирање политиките на Движењето ЗНАМ во рамките на владината партиципација, а исто така членовите беа запознаени со следните активности на партијата, за организацијата на вториор Конгрес на ЗНАМ кој треба да се одржи во втората половина на јуни, но и за процесот на преговори и подготовка за следните локални избори.

 

 

Овие средби се дел од пошироката стратегија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за активно учество на граѓаните во политичкиот процес и зајакнување на локалните заедници.