Потпишани Договори со здруженија на граѓани за поддршка на локални проекти

Loading...
Сподели со своите пријатели

Претседателката на Советот на Општина Куманово денеска додели сертификати на четири здруженија на граѓани од Куманово, во рамки на програмата за финансиска поддршка за реализација на локални проекти.

Договори со Општината потпишаа: Здружението за поттикнување на локален и рурален развој „Ума Сто“ за проектот „Туристичко – гастрономски кластер Ума – Бислим“, „Зелена градба Асоцијација Куманово“ за проектот „Еко – едукативен центар за деца и млади“, Здружението за иновации и млади „ИНО МЛАДИ“ за проектот „Жена Борец – Уметност и едукација за одржлива иднина“, како и Здружението за стимулација, едукација и рехабилитација „ЧЕКОР ПЛУС 2022“ за проектот „И јас имам право на среќно и безгрижно детство“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени две лица осомничени дека нападнале и ограбиле кумановец

 

 

– Проектите се насочени кон заштита на животната средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштијата, туризам и култура, како и младински иницијативи. Тие се одобрени согласно Јавниот повик за граѓански организации и фондации од Општина Куманово за 2025 година, како дел од Програмата на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој, информираат од Општина Куманово.

 

Loading...

 

Финансиските средства во висина од 900.000 денари се наменети за проекти усогласени со стратешките развојни документи на Општината, во согласност со приоритетните области и цели.

Никола Ивановски