Потпишан законот за странски агенти во Грузија, стапи на сила

Сподели со своите пријатели

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили денеска соопшти дека го потпишал законот за странски агенти, кој беше усвоен во парламентот, откако претседателката на земјата Саломе Зурабишвили одби да го стори тоа, со што законот го стави на сила.

Loading...

„Денеска го потпишав законот за транспарентност на странско влијание. Целта на овој закон е зајакнување на политичкиот, економскиот и социјалниот систем на Грузија во однос на надворешното мешање“, рече Папуашвили на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Пратениците на грузискиот парламент одлучија во вторникот, со мнозинство од 84 спрема четири, да го отфрлат ветото на овој закон што го стави претседателот Саломе Зурабишвили.

За поддршка гласаа 84 пратеници, четворица против. На 14 мај, Парламентот на Грузија во трето и последно читање го усвои предлог-законот

„За транспарентност на странско влијание“ предложен од владејачката партија Грузиски сон, а грузискиот претседател Саломе Зурабишвили, која е непартиска личност, стави вето на овој закон. на 18 мај.

Според тој закон, невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство ќе треба да се регистрираат како „агенти на странско влијание“.

Владата на Грузија тврди дека законот за „странски агенти“ е неопходен за да се зачува транспарентноста и да се спречи земјата да влезе во конфликт со Москва, пренесува Танјуг.