Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во западните и североисточните планински делови ќе биде променливо облачно со услови за слаб краткотраен дожд.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува умерен североападен ветер особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со умерен ветер од северен односно северозападен правец, а во попладневните часови се очекува и можна нестабилност со врнежи и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и значително потопло време. Во недела кон крајот на денот има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.
Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси. Дневната температура повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.