Најмалку девет лица загинале, а над 30 се водат како исчезнати откако туритстички брод со 169 патници потона во градот Маделин на северозападот на Колумбија.
Спасувачките екипи, авиони и хеликоптери трагаат по преживеаните во резерватот Пенол, недалеку од местото Гватапе.
Приватни чамци и скурети за вода на езерото први притрчале во помош на патниците на треактот и така спречиле поголема трагедија. Спасувачите наведуваа дека се спасени 99 луѓе, како и дека 40 патници успеале да излезат од вода.
Преживеаните наведуваат дека слушнале силна експлозина во близина на машкиот тоалет, по што снемало струја на неколку минути.
Не е познато што довело до потонување на бродот.
Резерватот Пенол е популарна викенд дестинација за домашните и странски туристи. Голем број Колумбијци доаѓаат во недела во Пенол да го прсолават продолжениот празничен викенд.
Loading...