Најмалку 15 лица загинаа, а 19 се водат како исчезнати откако денеска потона траект кај индонезискиот остров Сулавеси, соопшти националната агенција за пребарување и спасување.
Loading...
На траектот кој потона околу полноќ имало 40 патници, а причината за несреќата се уште е нејасна, се наведува во соопштението на агенцијата.
Соопштено е и дека шест патници преживеале и се згрижени во локалната болница.