Италијански спасувачки бродови денеска трагаат по 40 исчезнати мигранти откако во вторникот се преврте чамец во Сицилискиот теснец кај брегот на Тунис, при што загинаа шест мигранти.
Loading...
10 мигранти ја преживеаја несреќата на гумениот брод, а шест тела беа пронајдени во вторникот, пренесе АНСА.
Патролни чамци на италијанската крајбрежна стража превезоа 10 преживеани мигранти на островот Лампедуза.
Преживеаните рекоа дека тргнале во неделата вечерта, од кои 56 од Сфакс, Тунис. Помалку од 24 часа подоцна, бродот почна да тоне во меѓународните води, можеби поради разбрануваното море.
Во Лампедуза во вторникот пристигнаа вкупно 213 мигранти.