Посвоила девојче, но потоа срцето ѝ се „скинало“ кога морала да го врати на мајката

Сподели со своите пријатели

Сара Хауел и нејзиниот сопруг биле воодушевени кога го виделе новороденчето. Набргу откако го донеле бебето дома, дознале дека Сара некако успеала да остане бремена, и покрај шансата од само 1 процент.

Loading...

Токму поради таа причина, таа и нејзиниот сопруг Крис (32) одлучиле дека посвојувањето е нивната најдобра шанса да бидат родители.

Меѓутоа, само пет дена откако девојчето било однесено дома, на Сара и Крис им било кажано дека биолошките родители се премислиле и дека ќе мора да ја вратат.

 

 

На 7 март 2018 година, кога првпат го виделе новороденчето, веднаш се заљубиле во него.

– Кога влегов во болничката соба, нејзината биолошка мајка ја држеше. Таа со љубов ја стави во моите раце и рече „запознај ја мајка ти, девојче“ – рекла Сара од Ричмонд, Вирџинија.

Loading...

Сепак, среќата не траела долго. Биолошките родители на нивната нова ќерка се премислиле и побарале да ја вратат, што можат да го направат со закон и до десет дена по раѓањето.

Сара била вознемирена и загрижена дека тагата што ја почувствувала ќе предизвика спонтан абортус.

– Ја хранев кога зазвони телефонот. Паднав на подот во очај. Постојано му велев на Крис „се шегуваш, ова е шега, нели?“ рече скршената жена.

 

 

Сара ја спореди болката што ја почувствувале тој ден, кога дознале дека ќе го загубат своето мало девојче, со јазот што го почувствувале по три години борба со неплодност.

Младиот пар се обидувал да забремени три години, биле подложени на неколку операции и стотици инјекции, апчиња и негативни тестови за бременост.

Loading...

– Таа не направи родители. Таа ни помогна да го излечиме делот од нашите срца што беше уништен од сознанието дека нема да можеме да ги имаме нашите деца. Таа ме направи мајка, дури и ако тоа беше само за неколку дена – рече Сара.

Неколку месеци откако девојчето беше вратено кај биолошките родители, Сара роди момче кога го нарече Ноа. Кратко по породувањето, парот посвои уште едно момче, Леви.

Крис и Сара ги остваруваат сите соништа за семејството што отсекогаш ги сакале.