Постојан раст на одгледувањето кока во заштитените, погранични области на Перу

Сподели со своите пријатели

Одгледувањето на кока во Перу ќе се зголеми за 18 отсто во 2022 година, на рекордно ниво, особено во заштитените подрачја во близина на границата со Бразил и Колумбија, каде што има села на домородните амазонски племиња, рече шефот на националната служба против дрога.

Loading...

Плантажите на Кока зафаќаа 95.008 хектари минатата година, рече Карлос Фигуероа, претседател на националната комисија за борба против дрогата ДЕВИДА, посочувајќи дека ова е најголемата површина регистрирана во последните две децении.

„Сега штетата е уште поголема, бидејќи вклучува извршување еколошки злосторства во шумите и во заштитените подрачја каде живеат домородните заедници“, предупреди Фигуероа на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Овој перуански функционер истакна дека тоа е особено случај во пограничните области со Колумбија и Бразил, каде оперираат меѓународни шверцери на дрога.

Листовите на кока, кои се суровата состојка за производство на кокаин, традиционално се џвакаат за да се зголеми енергијата или како ефикасна превенција против висинската болест и може легално да се користат во таа форма.

Сепак, аналитичарите и владините претставници проценуваат дека околу 90 отсто од перуанската кока се користи за нелегално производство на дрога кокаин, а според официјалните податоци одгледувањето на растението кока расте од година во година од 2015 година, пренесува Танјуг.