Постои ли лекарска грешка во случајот со смртта на родилката од Куманово? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Низ судските лавиринти ќе се бараат причините и правдата за смртта на 31-годишната родилка од Куманово која почина во Општата болница.

Loading...

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека лекарска грешка во случајот со смртта на родилката нема, но адвокатот на семејството се сомнева во тоа.

Христијан Георгиевски, адвокат на семејството на починатата родилка, вели дека првичните сознанија укажуваат на лекарска грешка и вели дека ќе се направат обиди тоа да се докаже.

– Морам да ви кажам дека и ние водиме паралелна истрага заедно со Министерството за здравство. Имаме поднесено барање до сите надлежни институции вклучувајќи го и Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Јавното обвинителство од Куманово, МВР, СВР Куманово, матичната гинеколошка ординација вклучувајќи го и матичниот лекар, рече Георгиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патеките во Градскиот парк во Куманово уништени уште во изградба (ФОТО)

 

 

Огромна документација е соберена досега, а адвокатскиот тим ќе ангажира и стручни лица од областа на неонатологијата, гинекологијата и акушерството.

Loading...

– Нашите првични сознанија се дека навистина има лекарска грешка и затоа ќе најдеме и стручни лица кои тоа нешто ќе го потврдат. Од друга страна сметам дека е премногу рано да се излегува со какви било заклучоци во услови кога сите неонатолошки тестови и преднатални тестови кои биле извршени за време на бременоста не покажале апсолутно никаква аномалија ниту кај родилката ниту кај бебето. За изненадување е како може нешто во последните 36 часа толку да се искомплицира што ќе заврши со овој трагичен настан, изјави адвокатот.

Документацијата, вели адвокатот е обемна, и допрва треба детално да се анализира, но она што паѓа во очи е дека на дел од документацијата нема едногласност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

– Има лица кои не ги потпишале овие извештаи од страна на медицинските установи. Тоа покажува дека сите тимови кои работеле во медицинските установи немаат едногласие во поглед на содржината на овие медицински документи. Тоа на нас ни е доволна индикација дека независно што имам целосна доверба во нашиот судски систем, сметам дека нашата паралелна истражна постапка ќе даде сосема други резултати, рече Георгиевски.

Истрага веќе води и Основното јавно обвинителство Куманово, а доказите кои ќе ги собере независно адвокатската канцеларија ќе ги достави до нив.

И покрај фактот дека истрагата на обвинителството е во тек, министерот за здравство Арбен Таравари пред неколку дена рече дека од извршените увиди во кумановската болница, констатирани се административни и технички грешки, но не и професионални.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патеките во Градскиот парк во Куманово уништени уште во изградба (ФОТО)

– Заклучокот на комисијата е дека овие пропусти не можат да бидат директни или индиректни причини за акутно влошување на состојбата на починатата госпоѓа“, рече Таравари.

Триесет и едногодишната кумановка почина на 27 септември на Одделението за гинекологија и акушерство во Општа болница Куманово.

Откако пристигнала во болница со прснат водењак, било чекано подолг период самата да добие контракции.

Loading...

Откако тоа не се случило ѝ била давана стимулација при што нејзиното срце престанало со работа.

Родилката веднаш била однесена во операциска сала, каде е породена со царски рез.

На свет донесе машко дете, чија здравствена состојба е исклучително тешка и комплицирана.

Тоа било нејзино второ породување.

Никола Ивановски