Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта 70% од вакцинирани возрасни граѓани во Европската унија е достигната денес и ги повика сите што имаат можност да се вакцинираат за сопственото здравје и заштита на други.
„Нашата цел беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во Европската унија со најмалку една доза во јули. Денес ја постигнавме таа цел, а 57 проценти од возрасните се целосно вакцинирани”, рече претседателот на Комисијата.
Фон дер Лајен истакна дека треба да се продолжи со напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.
„Делта сојот е многу опасен. Затоа, ги повикувам сите што имаат можност да се вакцинираат. Заради сопствено здравје и заштита на другите”, рече таа, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно количество вакцини.

