Постигнат договор за компензација поради блокадата на Суецкиот канал

Сподели со своите пријатели

Претставник на сопственикот и осигурителните компании на контејнерскиот брод „Евер Гивен“, кој го блокираше Суецкиот канал во март годинава, изјави дека е постигнат договор за компензација со Управата на Суецкиот канал, со цел да се овозможи бродот да биде ослободен.

Loading...

Поради спор околу барањето на Управата за компензација, управата на Суецкиот канал ги чуваше гигантскиот брод и неговиот екипаж во езерото помеѓу двата дела на водниот пат, бидејќи бродот беше преместен на 29 март за да овозможи навигација.

„Ќе се направат подготовки за ослободување на пловниот објект и настанот по повод договорот ќе се одржи во Управата во Исмаилија во догледно време“, рече Фаз Пирмохамед од компанијата „Стен Марин“, која го претставува сопственикот на бродот, компанија „Шои Кисен“ и нејзините осигурителни компании.

Египетскиот суд ги одложи рочиштата во спорот околу обештетувањето за 11 јули, со цел да им овозможи на Администрацијата на каналот и на сопственикот на бродот да постигнат спогодба, изјавија извори од судот и еден адвокат.

Shoe Kisen и нејзините осигурителни компании минатиот месец објавија дека постигнале принципиелен договор со управата на Суецкиот канал.

Раководството на Суецкиот канал побара 916 милиони долари обештетување за да ги покрие трошоците на напорите на спасувачите, за штетата нанесена на компанијата и за изгубените приходи пред да ја намали сумата на 550 милиони долари.

„Шои Кисен“ и осигурителните компании на бродот го оспорија барањето и задржувањето на бродот, по наредба на египетскиот суд.

Leave a Reply