ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Хамас ќе ги ослободи сите заложници, Израел ги повлекува војниците

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Израел и Хамас се согласиле за „првата фаза“ од неговиот мировен план за прекин на борбите во Газа и ослободување на заложниците и затворениците.

„Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите војници на договорената линија како први чекори кон силен, траен и вечен мир“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Во наредните денови, Хамас ќе ги ослободи сите 20 живи заложници во замена за палестински затвореници, додека израелската армија ќе почне да се повлекува од поголемиот дел од Газа, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светот слави: „Историски чекор кон крај на војната во Газа“ (ВИДЕО)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави на социјалните мрежи: „Со Божја помош, ќе ги вратиме сите дома“.

Хамас одделно изјави дека договорот ќе обезбеди повлекување на израелските војници, како и ќе овозможи влез на помош и размена на заложници и затвореници, според агенцијата, пренесува Танјуг.