Во Куманово се поставени нови средства за забавување на сообраќајот, односно „лежечки полицајци“, на вкупно 24 локации во градот и околината, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Според соопштението, мерката е преземена со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на брзината на движење на возилата на повеќе фреквентни улици.

– Поставени се средства за забавување на сообраќајот, „лежечки полицајци“, на улиците „Народна револуција“, „Јоско Илиевски“, „Поток Серава“, „Веселин Маслеша“, „110“, „Тоде Мендол“, „Студена Вода“, „Васко Карангелески“, „11 Ноември“ и во село Горно Којнаре, информира Димитриевски.

Тој нагласи дека безбедноста во сообраќајот останува еден од приоритетите на локалната самоуправа.

„Безбедноста во сообраќајот е приоритет“, истакна градоначалникот.

Никола Ивановски

