Градскиот кеј во Куманово од денеска има нови клупи кои се изработени со масивни бетонски елементи.

Токму со бетонот, надлежните се надеваат дека ќе бидат потешка мета за вандалите и ќе траат подолго, со оглед дека постојано тамошната урбана опрема се крши и завршува во река.

– Поставени се нови клупи и нова урбана опрема по должина на градскиот кеј изработена од масивни бетонски елементи, со цел поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување, а со овој тренд ќе продолжиме и на други локации во градот, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Тој упати апел до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој.
– Тој е наменет за сите нас, а воедно апелирам да го пријавуваат и осудуваат вандалското и несовесно однесување на поединци кои постојано го уништуваат, потенцира градоначалникот.

Никола Ивановски

