Поставена спортската опрема во новоизградената сала на „Наце Буѓони“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Поставена e спортската опрема во новата училишна спортска сала на средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, информираа денеска, надлежните од училиштето.

Училишната сала е опремена со современи реквизити наменети за кошарка, фудбал, одбојка, ракомет, гимнастика.

 

 

– Сè е завршено, поставени се сите реквизити за квалитетно одвивање на наставата по физичко образование. Салата е модерно опремена со современи реквизити, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Спортската сала е изградена со средства обезбедени преку Владата во вредност од 27 милиони денари, а општина Куманово учествува со 1,5 милиони денари.

 

 

Салата ќе ја користат околу 2.000 ученици од „Наце Буѓони“ кои следат настава на македонски и албански наставен јазик. Училиштето прв пат добива модерна сала по шест децении.

Непосредно, до локацијата има атлетски полигон и повеќе спортски игралишта.

Изградбата на салата, сметаат рекреативците и спортистите го наподолнува просторот во близина на Соколанскиот парк.

 

 

Во Куманово пак, ова е трета спортска сала изградена со средства обезбедени од Владата.

Претходно беа изградени и пуштени во употреба спортските сали во основното училиште „Јероним Де Рада“ и во средното „Перо Наков“ каде наставата се изведува на албански наставен јазик.

МИА

Leave a Reply