Речиси секое осмо дете во Русија, што е околу 13 отсто, боледува од постковид синдром, изјави специјалистот за заразни болести и вакцини, Евгениј Тимаков.
Тимаков за радиото Вести ФМ изјави дека децата кои припаѓаат на ризичните групи, односно оние кои се дебели и боледуваат од хронични заболувања, имаат тешки форми на корона вирусот.
– Околу 13 проценти од децата страдаат од постковид синдром, како и возрасните – наведе тој, пренесе ТАС С.
Што се однесува до вакцинацијата на децата, рече дека има амбивалентен однос кон тоа прашање.
Тимаков рече дека е за вакцинација на деца кои немаат антитела кон вирусот, но не и оние кои имаат имунитет кон корона вирусот.
– Во овој случај ќе биде потребна вакцинација за ризичните групи или за оние кои не биле во контакт со вирусот, така што ќе биде потребна селективна вакцинација – изјави Тимаков.
Од почетокот на пандемијата во Русија се регистрирани повеќе од осум милиони заразени со вирусот, а починале 230.600 луѓе.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин одобри затворање на одредени работни места во првата недела од ноември, а Москва ќе биде во карантин од 28 октомври.
Ќе можат да се отворат само продавници и аптеки.