Последните 200 долари ги вложил на интернет, за три месеци станал милионер (видео)

Сподели со своите пријатели

Тревор Чепмен (33) работел како претставник на компанија која продава соларни панели поради што немал време за семејството. Одлучил да даде отказ и да започне бизнис на интернет во кој вложил само 200 долари, а за три месеци заработил еден милион.

Неговиот сајт како вели се занимава со продажба на „машки дрангулии“.

Тој продава кинески производи, како фиџет спинер, лежалки на дување и работнички панталони од кевлат – машки играчки, кои можат да се купат и на други места. Меѓутоа тој навреме сфатил дека трговијата на интернет носи најбрз приход.

За 2,99 долари купил домен, а за отворање на продавница на интернет ја искористил пробната понуда од 14 долари. Неговито сајт лансиран е на 11 ноември минатата година, а во рекламата на Фејсбук инвестирал 100 долари дневно.

Чепмен сепак не биллаик, туку искусен продавач Првин нудел уметнички дела со религиска тематика, но веќе по 10 часа му било јасно дека ништо од тоа нема да излезе. Производот и целната група билепремногу специфични за да можела продавницата за кратко време да заработи. Сфатил декамора да се насочи на производи кои се доволно возбудливи.

Во 2017 година лежалките на дување станале хит на интернет. Чепмен не бил првиот кој ги понудил, но работата му тргнала. Нив и другите производи ги купувал преку Алибаба од Кина за пет долари, а ги продавал за 60. Притоа во Кина нашол компании кои произведуваат и испорачуваат директно до купувачите. Со самото тоа, Чепмен не морал ниту да увезува, ниту да ги пакува.

За исцрпувачката работа со купувачите ангажирал луѓе на Филипините кои ги плаќа 700 долари месечно.

По само два месеци, остварил профит од 48% пред одбивање на порезот, а клучот на неговито успех е рагирање на желбите на купувачите.