Последна неделна временска прогноза за Куманово во 2020

Loading...
Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува засилен ветер од југ, односно југоисток. Температурата ќе се движи од три степени во раните утрински часови до максимални дневни седум степени.

 

 

Слично време ќе имаме и утре кога утринската температура ќе биде пониска за еден степен, а дневната повисока за исто толку.

Loading...

Среда носи слично време. Температурата ќе се движи од 2 до девет степени.

Повторно врнежи од дожд нѐ очекуваат веќе во четврток. Утринската температура тогаш ќе се движи околу два степени во негатива, а мамсималната дневна се очекува да достигне седум степени.

Првиот ден од 2021 година, петок носи стабилно и сончево време. Температурата ќе се движи од три степени под нула во утринските часови, а во попладневните се очекува максимумот да достигне 5 степени.

Претстојниот викенд, прв од 2021, носи врнежи од дожд и максимална дневна температура од осум степени во недела. Ден претходно во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време со дневен максимум од седум степени.

 

Стартот на новата работна недела исто така носи врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Loading...

 

Leave a Reply