Според метеоролозите, за денес нè очекува ведро време во утринските часови, но веќе околу пладне ќе почне да се приметува развојот на облачност која ќе донесе дожд и грмежи од локален карактер во текот на попладнето и вечерта, а ги очекуваме пред се во западниот и јужниот крај.
Северниот дел на Повардарието, како и североисточниот крај имаат помали шанси за врнежи.
Ќе биде топло и спарно. Температурата низ вардарскиот тек ќе има вредности во границите помеѓу 34°С и 37°С а низ остатантите краишта помеѓу 30°С и 33°С.
УВ индекс: 8
Извор: Метеопро.мк