После 20 години го запознала својот татко, а тој ја прегрнал па силувал

Сподели со своите пријатели

Кога девојка од Мелубирн конечно по 20 години влегла во трага на својот татко, не можела ниту да замисли дека нивната средба може да има ужасен крај, пишува „The sun“.

Иако научила дека во минатото истиот често бил поврзуван со насилство, сепак одлучила да го повика на гости и да го запознае со своето семејство. Мажот на 38-годишна возраст на гости кај својата ќерка пристигнал со својот син и партнерката, кои биле сместени во посебна соба. Кога конечно се сретнале, ќерката не криела колку била среќна поради тоа.

Тоа беше прв пат да го запознам својот татко и тој беше среќен што ме гледа мене – вели таа.

Но, среќата кратко траела, т.е. се до моментот кога таткото и ќерката останале сами во куќата. Целата ситуација се превртела и во моментот таткото и рекол да го прегрне, а потоа тој почнал да ја бакнува низ вратот и да ја допира. Како што вели таа, автоматски го турнала од себе, но тој го покажал својот насилнички карактер. И рекол дека ја сака и брутално ја силувал, а жртвата на судот го раскажала целото исксутво.

Ништо не реков ниту направив. Се чувствував како да морам да соработувам, а не да зборувам. Се плашев дека би можел сериозно да ме повреди. мислев дека ќе се налути ако се обидам да го прекинам. Само сакав да отрчам под тушот се чувствував ужасно – раскажала несреќната деовјка.

Кога пристигнал нејзиниот сопруг веднаш повикале полиција, а иако во почетокот таткото го негирал злочинот, сепак потоа потврдил дека ја присилил на секс својата ќерка.

Откако го признал злочинот осуден е на четири години затвор.